Денеска стартува 19.коло од плеј-офот во женската Супер лига, воедно и претпоследното од сезоната. Два натпревари ќе се играат денеска, а дербито е во недела.

Колото ќе го отворат екипите на Вардар и Астибо. Вардарки ќе ја пречекаат штипската екипа денес во салата „Круме Кепески“ во терминот од 16:30 часот. Вардар е фаворит во овој натпревар, па би требало лесно да стигне до посакуваните бодови.

Вториот натпревар ќе се одигра помеѓу Ѓорче Петров и Куманово. Средбата е закажана за 19:30 часот во спортската сала „Перо Наков“ во Куманово.

Дербито од ова коло ќе се одигра во недела, кога Чаир ќе гостува кај Металург. Натпреварот ќе се одигра во салата „Автокоманда“ со почеток во 14:30 часот. Ова е меч кој се очекува да понуди голема борба и неизвесност до самиот крај, бидејчи че играат второто и трето пласираните екипи на табелата.

По ова коло ќе остане уште едно, последно, кое ќе го даде конечниот распоред на табелата пред крајот на сезоната. Тимот на Ѓорче Петров веќе ја обезбеди новата шампионска титула.

ТАБЕЛА (плеј-оф):   Ѓорче Петров 39 бодови, Металург Автокоманда 29, Чаир 25, Куманово 11, Вардар 9, Астибо 0.

Ивона Кимовска