Екипата на Оклахома Сити е на чекор до конференциското финале, откако трет пат славеше над Денвер.
Најдобриот тим на западот во регуларниот дел од сезоната, Оклахома славеше со 112:105 и поведе со 3-2 во победи против Денвер.
Иако Никол Јокиќ го одигра најдобрите натпревар во оваа серија сепак Србинот немаше поддршка од соиграчите. Тој натпреварот го заврши со 44 поени со 15 скока, но сето тоа остана залудно, бидејќи сега Нагетс веќе немаат шанса за „поправен“.
За Тандерс, Шај Гилгиус-Александар постигна 31 поен и шест скока, а Вилијамс имаше 18 поени и девет скока.
Следниот натпревар се игра во Денвер, каде Оклахома ќе ја има првата шанса за влез во финалето.