Фактот што фудбалската сезона е во самиот финиш не е оправдување за да не играме тикет во вторник. Во билтенот на Златна Копачка секој ден има стотици дуели и игри кои можеш да ги искористиш за добивка, само треба да ја споиш добитната комбинација.
Ова е нашиот предлог-тип, а ти нудиме шест причини зошто треба да го искористиш.
СЕВИЉА – ЛАС ПАЛМАС: Победа домаќин
Во Севиља со нетрпение чекаат да заврши оваа катастрофална сезона за нив, во која наместо битка за топ 6 местата во Ла Лига, се најдоа во незавидна ситуација да бркаат опстанок. Токму до таа цел може да направат исчекор со триумф над Лас Палмас.
ПАЛЕРМО – КАРАРЕСЕ: Победа домаќин
Палермо го потврди пласманот во плејофот за пласман во Серија А, но сигурно домаќините посакуваат со победа да го завршат регуларниот дел од сезоната со цел да влезат во разигрувањата со што е можно подобра форма.
БОЛОЊА – МИЛАН: Гол-гол
Болоња последен пат играше финале во Интертото Купот во 1998 година, натпреварување кое и го освоија, а сега имаат историска шанса за прв трофеј во Купот на Италија. Секако, се прашува и Милан, па претпоставуваме дека двете екипи ќе играат отворен фудбал со што е можно повеќе голови.
РЕАЛ МАДРИД – МАЈОРКА: Домаќинот да постигне 2-4 гола
Кралевите практично ја загубија титулата во Ла Лига по поразот од Барселона минатиот викенд, но со оглед на тоа дека математички уште имаат шанси, голема е веројатноста Мбапе и дружината да ја истурат нервозата врз Мајорка и да ја наполнат противничката мрежа.
ЕСПАЊОЛ – БАРСЕЛОНА: Победа гостин и 1+ гол во прво и 2+ вкупно
На Каталонците им се потребни само два бода во последните три кола за да бидат шампиони во Шпанија, но Флик сигурно нема да остави на случајот и ќе сака уште во овој меч да ги реши дилемите. Затоа типуваме голгетерско издание на гостите во ова каталонско дерби.
ЈАНГ БОЈС – ЛУЦЕРН: Победа домаќин
Младите момци се во мртва трка со Сервет за второто место во швајцарскиот шампионат кој води во квалификациите за ЛШ, па ова е добра прилика за домаќините да обезбедат важни три бода и да дојдат поблиску до целта.
Како и секогаш, нашиот влог е 200 денари, а секако вие може да вложите колку што сакате доколку ја искористите шифрата за брза уплата. Можете да го сторите тоа до почетокот на првиот натпревар, а тоа е вечерва до 20:30 часот.
ШИФРА: W05131037634




























