Најдобрата екипа во запдната конференција во регуларниот дел од сезоната, Оклахома Сити славеше победа на гостувањето кај Денвер.
Во четвртиот натпревар од полуфиналето на плеј-офот Тандерс славеа со 87:92 и ја израмнија на 2-2 во победи.
Гостите играа подобро во првото полувреме и водеа со 36:42. Но во третата четвртина Денвер направи пресврт и имаше водство од осум поени во последната четвртина (71:63). Сепак, со серија од 11:0, Тандерс брзо го свртија водството и го задржаа со самиот крајот..
Шаи Гилгиyс-Александар постигна 25 поени и собра по шест скока и асистенции, a по 20 додадоа Арон Вигинс и Кејсон Волас .
Најдобар за Денвер беше Никола Јокиќ со двоен ефект со 27 поени и 13 скока. Кристијан Браун и Џамал Мареј постигнаа по 17 поени (пет асистенции).
Серијата сега се враќа во Оклахома.