Кошаркарите на Ангели направија golem чекор кон пласманот во Првата лига. Тимот од Драчево славеше убедливо со 47 разлика (105:57) во првиот полуфинален натпревар против штипски Соколи.
Уште во првиот период, кој домаќините го добија со 35:7 беше јасно дека гостите нема што да бараат на овој дуел.
Наумоски реализираше 16 поени, Стојаноски и Стојанов имаа по 15, а Богатиновски и Ибраими по 12 поени.
Сега на Ангели, како и на Маџари кој го совлада МЗТ Скопје УБ (83:75) им е потребна една победа за пласман во финалето, но и Првата лига.
Таа можност двата тима ќе ја имаат во дуелите во среда, што ќе ги играат на гостински терен.