Во македонската фудбалска прволигашка конкуренција, попладнево се одигра четирите натпревари од претпоследното 33-то коло.
Екипата на Тиквеш и следната сезона ќе игра во Првата лига. Ова откако кавадарчани на гостувањето на Чаир одиграа 1-1 против Шкупи. Миловановиќ во 39.минута од пенал за гостите и Имери во 42.минута за домаќините беа стрелци на головите.
Струмичка АП Брера одигра исто така 1-1 на гости со Струга ТЛ. Сепак струмичани ќе мораат во последното коло на домашен терен да го потврдат опстанокот во ПМФЛ. Тие имаат само бод повеќе од Беса која во оваа рунда прокнижи службени три бода.
На натпреварот во ЛКратово каде Силекс го пречека битоилски Пелистер немаше голови.
Скопското дерби му припадна на Вардар кој како гостин го совлада Работнички со 1-0 со голот на Закариќ од пенал (68 минута).
Така во последната рунда закажана за следната недела, најголемо внимание ќе привлечат дуелите во Битола и Струмица. Пои нив ќе знаеме која ќе биде екипата што ќе игра во баражот за опстанок.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА




































