Во Втората македонски фудбалска лига денеска на програмата се натпреварите од 28-мото, претпоследно коло.

Дербито ќе се игра во Гостивар каде водечката на табелата Македонија Ѓорче Петров му гостува на второ пласираниот Арсими.

Ова е директен дуел за првата позиција, по кој може да бидат решени сите дилеми за двата директни патници во прволигашкото друштво. На „лавовите“ од Ѓорче доволен им е еден под (реми), бидејќи трето пласираниот Башкими заостанува шест бода.

Дуелот во Гостивар ќе почне од 17 часот, како и сите останати натпревари од ова коло.

ВТОРА ЛИГА – 28.КОЛО

сабота – 10 мај | 17 часот
АРСИМИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ОХРИД ЛИХНИДОС – БРЕГАЛНИЦА
БАШКИМИ – ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА
ВАРДАРСКИ – ВАРДАР НЕГОТИНО
КАМЕНИЦА САСА – ОСОГОВО
НОВАЦИ – СКОПЈЕ
ПОБЕДА – КОЖУФ
БЕЛАСИЦА – БОРЕЦ

ТАБЕЛА: Македонија Ѓ.П. 63 бодови, Арсими 61, Башкими 57, Брегалница 55 …