ПОознат е и вториот полуфинален пар во плеј-офот на Втората кошаркарска лига.
Откако попладнево Маџари и МЗТ Скопје У.Б. си ја завршија работата и закажаа меѓусебен дуел, вечерва тоа го сторија Ангели и Бутел.
Екипата на Алгали во Велес славешпе убедливо против Борец и со 2:0 во победи ја затвори четвртфиналната серија.
До втор триумф дојдоа и штипските Соколи и тоа на гостувањето кај Бутел. За разлика од велешкиот, скопскиот меч беше неизвесен до самиот крај. Имаа можност домаќините од Бутел да триумфираат и да се изборат за мајсторка, но… На пет секни до крајот при водство на Соколи од 69-70, гостите не реализираа слободни фрлања. Во контра нападот на спротивната страна Данчо Киров промаши чист „зицер“ и наместо радост на бутелчани, се радуваа штипјани.
Така Ангели и Соколи ќе играат во полуфиналето преку кое победникот ќе се промовира во иден член на Првата лига. Фаворитот Маџари пак за противник до остварување на целта ќе го има вториот тим на МЗТ Скопје У.Б.
Полуфиналната серија се игра во два добиени натпревари, а според календарот треба да стартува претстојниот викенд.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – ПЛЕЈ-ОФ
ЧЕТВРТФИНАЛЕ Реванш
ОХРИД – МАЏАРИ 67-97 (0:2 во победи)
МЗТ СКОПЈЕ У.Б. – ЦРН ДРИМ 77-65 (2:0)
БУТЕЛ – СОКОЛИ 69-70 (0:1)
БОРЕЦ БАСКЕТ – АНГЕЛИ 64:83 (0:2)