Кирил Лазаров го направи изборот за дуелот со Естонија, претпоследен во квалификациите за Европското првенство 2026 година.
Лазаров за Талин поведе 18 од 19-мината ракометари кои изминатите денови одработија мини подготовки. Во Скопје остана голманот на Алкалоид, Иван Галевски, кој ќе чека шанса да последниот меч со Литванија на домашен терен.
Лазаров на дуелот со Естонците се смета на поискусните голмани Никола Митревски и повратникот во националниот тим Мартин Томовски.
Натпреварот против Естонија на програмата е утре со почеток од 18 часот.
Во истиот термин во недела (11 мај) во СЦ „Јане Сандански“ македонските ракометари ќе ја пречекаат Литванија.