Со попладневниот натпревар меѓу Вардар и Струга Трим Лум, денеска ќе стартува 31 коло во ПМФЛ.

Ова практично ќе биде “генерална проба“ за финалето во Купот на Македонија во кое овие два тима ќе се борат за трофејот.

Вардарци во пролетниот дел од сезоната играат одлично и веќе ја остварија првичната, цел опстанок во прволигашкото друштво. Од другата страна стружани одамна ги загубија шансите да ја одбранат шампионската титула. Натпреварот меѓу Вардар и Струга Т.Л. ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, а почетокот е во 17 часот

Во истиот термин, но за утре, закажани се останатите натпревари

Дербито е во Тетово каде лидерот Шкендија го пречекува трето рангираниот Работнички. Во Кавадарци, Тиквеш ќе биде домаќин на Беса, а во Струмица кај АП Брера гостува Шупи.

Иако во делегирањето на ФФМ закажани се натпреварите во Битола и Кратово, тие сигурно нема да се одиграат. Воска спорт и Гостивар се повлекоа од понатамошниот тек на првенството. Така пелистер и Силекс ќе пиша по три бода со службен резултат (3-0).

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА