Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево се собра во Скопје. Тука ќе бидат одработени мини подготовките за дуелите со Естонија и Литванија последни во квалификациите за ЕП 2026.

Селекторот Кирил лазаров ја направи прозивката на ракометарите кои се најдоа на неговиот последен список. Од него отпадна Мартин Велковски поради повреда, а Лазаров засега не повика нов ракометар.

„Јас сум секогаш оптимист, така ќе бидам и сега. Сепак, мора да бидеме внимателни, бидејќи здравствениот билтен не ни е во полза и ни фалат клучни играч.

Периодот е краток и немаме право на грешка.

Очекувам два тешки натпревари, но верувам во тимот и верувам дека сите ќе одговор на задачите“,

истакна селекторот Лазаров. 

Инаку во стручниот штаб на Лазаров повторно се враќа македонската легенда Стојанче Стоилов.

Првиот меч, Македонија ќе го игра во Талин против Естонија на 8 мај. Последниот е во Скопје три дена подоцна (11 мај) кога ќе ја пречекаме Литванија, нашиот конкурент за пласман на Европскиот шампионат.