Попладнево беа одиграни два натпревар со кои беше комплетирано 16-то коло во шлеј-оф конкуренцијата на женската Супер лига.
Возбудлив и неизвесен натпревар кој се решаваше во самата завршница се одигра во Куманово, каде истоимениот домашен тим го совлада Вардар минимално со 27:26.
Натпреварот започна израмнето, но околу десеттата минута Вардар успеа да се одлепи и поведе со 6:3. Со серија од 5:1, ја зголеми предноста на 11:5. Во продолжение од првото полувреме, вардарки успеаја да ја задржат разликата и да контролираат играта. На пауза заминаа со резултат 16:12 во корист на Вардар.
Во 41-та минута од натпреварот, Вардар повторно стигна до предност од +5 (20:15). Сепак, Куманово не се предаде и со серија од 4:1 успеа да ја намали разликата на само два гола, 24:22. Иако Вардар се обидуваше да ја задржи предноста, противничкиот тим продолжи со притисок и во 55-тата минута израмни на 25:25. Следуваше крајно неизвесна завршница, во која се играше гол за гол. Во последната минута, Куманово постигна гол за водство од 27:26, а Вардар имаше последен напад за израмнување, но не успеа да реализира. Натпреварот заврши со победа за Куманово со 27:26.
Најефикасни од Куманово беше Зечевиќ со 7 гола, додека од Вардар Богојеска постигна 6 погодоци.
Во вториот натпревар екипата на Металуг Автокоманда ја оправда фаворитската улога протов Астибо и славеше со 20 голови разлика.
Вчера екипата на Ѓорче Петров со гостинската победа над Чаир ја завери новата шампионска титула.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 16.КОЛО
РЕЗУЛТАТИ
КУМАНОВО – ВАРДАР 27-26
МЕТАЛУРГ А. – АСТИБО 44-24
ЧАИР – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ 28-37
ТАБЕЛА (плеј-оф): Ѓорче Петров 33 бодови, Металург Автокоманда 25, Чаир 21, Куманово 10, Вардар 9, Астибо 0.
Ивона Кимовска





































