Денеска ќе го дознаеме последниот патник во полуфиналето на ракометниот Куп на Македонија.
Во салата „Автокоманда“ во Скопје, ќе се играат натпреварите од последната четвртфинална група. Во неа, тимот на Алкалоид кој е бранител на трофејот ја има улогата на апсолутен фаворит.
Алкалоид за противник ќе го има помладиот свој тим Мулти Есенс во мечот што ќе почне од 13 часот. Потоа од 15.30 ќе следува дуелот меѓу Партизан спорт и Пролет. Финалниот меч од оваа група е закажан за 20 часот, а победникот ќе се пласира на заврпниот „фајнал-фор“ турнир.
Таму веќе пласман обезбедија екипите на Вардар, Еурофарм Пелистер и Охрид.
Завршницата во Купот на Македонија е планирана да се игра од 15-18 мај, но овој термин ќе претрпи промени, доколку Алкалоид денеска ја потврди фаворитската улога
Имено Алкалоид со пласманот во финалето на Европскиот Куп, ќе има обврски на 17 или 18 мај. За тогаш е предвиден првиот финале меч против грчкиот АЕК во Атина.





































