Фудбалерите на Милан се израдуваа на нова победа во италијанската Серија А. На натпреварот од 34.коло, одигран на гости кај Венеција, тимот на Милан славеше со 0-2.
Првиот гол на натпреварот беше постигнат уште во петата минута, а стрелец беше Американецот, Кристијан Пулишиќ.
На вториот се чекаше се до шестата минута од судиското дополнение. Мексиканецот Сантијаго Хименез (90+6) беше стрелец на вториот гол за гостите.
Милан со оваа победа )само 14-та сезонава) е на деветтото место на табелата, далеку од позициите што водат на европската сцена.
„Росо-нерите“ заостануваат осум бодови зад Јувентус и Лацио кои засега имаат пласман во Лига Европа и Конференциската лига.





































