Во Првата македонска фудбалска лига попладнево на програмата беа четири натпревари од 29-тото коло. Три од нив го носеа приматот дерби.

На студиото „Борис Трајковски“ во Маџари, дуелот на четврто и трето пласираните Гостивар и Работнички не заврши. Гостиварци како и во претходното коло Воска спорт ја повлекоа екипата од теренот. Готивар водеше со 1-0, остана со играч помалку, а тоа Работнички го искористи и поведе со 2-1. Очигледно не задоволни од делењето на ,,правдата” Гостивар репи ја ја повлечете екипата.

Во Кратово каде Силекс го пречека шампионот Струга Трим Лум немаше голови.

Лидерот на табелата, тетовска Шкендија се спаси од пораз во дуелот со Шкупи. Скопската екипа имаше и два гола предност, но тетовци ја надополнија, а мечот заврши 3-3.

Во Битола, Пелистер го пречека кавадаречки Тиквеш, а победа славеа домаќините со 1-0.

Потсетување дека вчера Вардар со 3-1 ја победи Беса, а натпреварот АП Брера – Воска нема да се игра откако Охриѓани решија да отстапат од лигата.

ПРВА ЛИГА 29.КОЛО

денеска
СИЛЕКС – СТРУГА Т.Л. 0-0
ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 3-3
ГОСТИВАР – РАБОТНИЧКИ 1-2 (прекинат, Гостивар го напушти теренот)
ПЕЛИСТЕР – ТИКВЕШ 1-0
вчера
ВАРДАР – БЕСА 3-1
откажан натпреварот
АП БРЕРА – ВОСКА СПОРТ (екипата на Воска се повлече од првенството)