Борбата за опстанок во Првата кошаркарска лига меѓу Вардар и Шкупи, имаше неславен крај.

Имено, натпреварот кој е во рамките од 2.коло на плеј-аут конкуренцијата заврши со општа тепачка.

Дуелот беше решен со победнички кош на вардарци во последната секунда со 87-85.

Откако актерите на двете екипи спортски се поздравија, следуваше „продолжение“.

Тогаш се случи немилиот настап, општ хаос и тепачката во која учествуваа повеќемина од двата тима.