Во дербито од 5.коло од плеј офот од Супер лигата одиграно вечерва во Битола првакот Еурофарм Пелистер загуби од Вардар со 34:35 (полувреме 16:17) со голот на Дмитро Хориха во последната секунда. Со освоените два бода „црвено-црните“ го презедоа првото место на табелата.

Вардар одлично го почна натпреварот и поведе со 3:0, а потоа имаше предност од три голови до 10:7. Првакот за првпат изедначи на 11:11 во финишот на првиот дел, но Вардар повторно со серија од три гола со одлепи на 14:11 и беше доволно за предност на полувремето од 17:16.

На почетокот на вториот дел Еурофарм Пелистер стигна и до првото водство од 18:17, а водство од еден гол имаше во уште два наврати 19:18 и 20:19. Во продолжението гостите направија серија од 5-1 за ново водство од три разлика 24:21. Предноста „вардарци“ ја имаа во најголемиот дел од второто полувреме, но битолчани изедначија на 31:31. Драмата продолжи во последните минути Вардар стигна повторно до два разлика 34:32, но домашните со двата гола на капитенот Кузмановски стигна до изедначување од 34:34. Вардар по тајм аутот го реализраше последниот напад за важна победа и два бода.

Кај победникот Крсманчиќ постигна 11 голови (10 од седмерец), додека кај Е.Пелистер Манасков имаше 10 голови, а Кузмановски 9. Голманите на Вардар имаа 13 одбрани (Еспиња 11, Гогов 2), додека за Е.Пелистер Митревски (6) и Ивиќ имаа вкупно 6.

На вториот натпревар одигран вечерва Охрид го победи Тиквеш во Кавадарци со 24:20. На првиот дуел од оваа рунда Алкалоид – Бутел 33:30.

Во следното коло на 3.мај во сабота Алкалоид го пречекува тимот на Вардар.

ТАБЕЛА: Вардар 12 бода, Еурофарм Пелистер 11, Алкалоид 8, Охрид 5, Тиквеш 3, Бутел 0.