Во кошаркарската Втора лига денеска ќе се играат натпреварите од претпоследното 21.коло, во кое се очекуваат возбудувања на сите терени. Со само две кола до крајот на регуларниот дел, секој бод е „злато“ вреден за тимовите што се борат за плејофот, и за оние кои се надеваат на спас од испаѓање.

На отворањето на колото, во 16:00 часот, Охрид ќе ја пречека екипата на Борец Баскет. Домашните ќе бараат триумф за со кој ќе бидат на чекор до плејофот, додека гостите се надеваат дека ќе го задржат чекорот со конкурентите за повисок пласман.

Во 17:30, вториот состав на МЗТ Скопје .Б. ќе се соочи со амбициозниот Црн Дрим. Гостите од Струга со победа би ја задржале четвртата позиција, а за МЗТ победа значи сигурен настап во разигрувањето.

Само 15 минути подоцна, во 17:45, Ангели ќе ја бараат 17.победа сезонава против Бутел. Домашниот состав сака да остане на првата позиција, а Бутел да се позиционира на четвртата позиција.

Вечерната програма нуди три средби.

Во 19:30 часот, Соколи ќе играат против Водно Санс, а Струмица ФМП е домаќин на Работнички 2018, а од 20 часот Маџари го пречекува Мега баскет. Штипските Соколи и Маџари како дел од водечкото трио, немаат право на кикс. Но, истото важи и за екипите на Струмица и Мега ќе водат директна битка за опстанок.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 21.КОЛО

Четврток / 24 април
16.00 ОХРИД – БОРЕЦ БАСКЕТ
17.30 МЗТ СКОПЈЕ У. Б. – ЦРН ДРИМ
17.45 АНГЕЛИ – БУТЕЛ
19.30 СОКОЛИ – ВОДНО САНС
19.30 СТРУМИЦА ФМП – РАБОТНИЧКИ 2018
20.00 МАЏАРИ – МЕГА БАСКЕТ

ТАБЕЛА: Ангели 36 бодови, Маџари 36, Соколи 36, Црн Дрим 32, Борец баскет 30, Бутел 30, МЗТ Скопје У.Б. 30, Охрид 29, Водно Санс 27, Мега баскет 26, Струмица ФМП 25, Работнички 2018 22.