Екипата на Вардар се пласира во финалето на Купот на Македонија.
Вардарци ја сочуваат предноста од 3-0 од првиот полуфинален меч со АП Брера. Денеска, во реваншот во Струмица, Вардар одигра без победник 1-1, доволно да избори место на завршниот финален натпревар.
Струмичани поведоа со 1-0 со голот на Јанкуловски во 31 минута. Тој резултат остана се до 58.минута која Вардар преку Талевски успеа да израмни на 1-1. До крајот на натпреварот, љубителите на фудбалот не видоа друг погодок, па резултатот остана 1-1.
За Вардар тоа ќе биде вкупно седмо финале во Купот на Македонија, а прво по 2007 година. Тогаш вардарци ја совладаа прилепска Победа и го освоија шестиот куп трофеј.
Противник на Вардар во годинашното финале, закажано за 24 мај ќе биде Струга Трим Лум .




































