Актуелниот шампион, Струга ТЛ ќе се бори за трофејот во Купот на Македонија.

Стружани во полуфиналето беа подобри од тетовска Шкендија. Откако првиот меч во Тетово го добија со 2-1, денеска во реваншот пред својата публика одиграа 1-1.

Со голот на Нигериецот, Укпа во 20.минута Струга поведе со 1-0. На вториот, израмнувачкиот гол за Шкендија се чекаше се до крајот на натпреварот (90+2).

Стружани во своето второ финале ќе се борат за првата титула, а противникот ќе им биде Вардар.