Екипата на Милан триумфираше во полуфиналето на „Копа Италија“ против Интер и обезбеди пласман во дуелот за пехарот.

Со триумфот од 3:0 „росонерите” го уништија сонот за „триплета“ на своите ривали. Иако Милан имаше помалку обиди кон гол и помалку посед сепак они ги постигнаа головите и се радуваа на крајот.

Лука Јовиќ го отвори резултатот на 1:0 во 36.та минута, а во второто полувреме со својот втор гол Јовиќ ја зголеми предноста на Милан на 2:0 во 49.та минута.

Последниот гол беше дело на Реијндерс кој во 85.та минута. Со вкупни 4:1 Милан ќе игра ново куп финале во кое ќе го чека победникот меѓу Емполи и Болоња. Екипата на Болоња има предност од 3:0 од првиот меч, а реваншот го игра пред своите навивачи.