Одамна нема разлика меѓу викендашкото и билтен изданието кое излага во текот работната недела, особено во Златна Копачка каде што изборот на натпревари редовно е голем.
Затоа, ние ги засукавме ракавите и се потрудивме да најдеме шест пара со кои одново ќе се обидеме да оствариме добивка.
Инаку, изминатиов викенд бевме блиску до добивка, но не дочекавме погодок на Милан во поразот од Аталанта со 0-1, каде чекавме по еден гол од двата тима. Ова е нашиот избор за поправниот предлог-тикет:
МАН. СИТИ – АСТОН ВИЛА: 2+ гола во второ
Знаејќи дека ова е директен дуел кој може да го одреди пласманот во Лигата на шампионите, се одлучивме да избегнеме тип со победник и да играме на голови. И двете екипи сезонава речиси половина од головите ги постигнаа во вторите 45 минути од натпреварите, па затоа ние очекуваме поатрактивно второ полувреме.
АРСЕНАЛ – КРИСТАЛ ПАЛАС: 1+ гола во прво и 1+ гола во второ
Топчиите во малото градско дерби ќе се загреваат пред големиот тест кој ги чека во Лигата на шампионите, па ние очекуваме да ги наместат нишаните за добра увертира пред мега-дуелот со ПСЖ. По еден гол минимум во двете полувремиња е сосема реален тип.
ПАРМА – ЈУВЕНТУС: гол-гол
Парма сезонава само во два натпревари на домашен терен не успеа да постигне гол, а повеќепати се покажа како тврд орев за поквалитетните екипи од Серија А. Од Бјанконерите очекуваме да продолжат со голгетерската серија на „Енио Тардини“ како што беше на нивните три претходни гостувања.
А. БИЛБАО – ЛАС ПАЛМАС: 1-1 2+ гола
Билбао е блиску да обезбеди пласман во Лигата на шампионите и би требало тимот на Валверде да продолжи со добрите резултати на домашен терен. Од лани во август Баскијците немаат загубено лигашки дуел пред своја публика, па затоа ќе се занемари фактот што Лас Палмас се бори за опстанок.
ИНТЕР – МИЛАН: 2+ гола во второ
Миланските ривали нѐ навикнаа да гледаме дербија исполнети со погодоци. Во последните пет меѓусебни дуели просекот е три гола по натпревар, а ние се одлучивме да типуваме според исходот на последната нивна средба, два гола да паднат во второто полувреме.
АТЛЕТИКО М. – РАЈО В.: Победа домаќин
Неочекуваниот кикс на „јорганџиите“ изминатиов викенд само потврди дека тимот на Симеоне ги загуби силите во финишот од сезоната. Сепак, ние очекуваме да се вратат на победнички патеки со оглед на тоа дека против Рајо имаат одлична серија на домашен терен, со четири победи и едно реми во последните пет средби на „Метрополитано“.
Натпреварите се играат од денес со четврток, првиот дуел почнува вечерва во 21 часот, така што дотогаш имате време да ја искористите шифрата за брза уплата доколку сакате да ја одиграте нашата визија. Стандардно вложуваме 200 денари, на вас останува со колку влог ќе го одиграте тикетот.