Судиската организација при ФФМ, излезе со соопштение, во кои ги анализира спорните моменти од претходното првенственото коло во Првата лига.
И споменатата рунда, беше уште една во низата, исполнети со контроверзни одлуки на судиите.
Најжестоко беше во Охрид каде натпреварот не го доживеа крајот, тепачката во Струга, и не регуларниот гол на Чаир.
Во продолжение дел од анализата на Судиската организација, чие соопштение во целост може да го прочитате овде (линк)
ШКУПИ – СИЛЕКС 1-2
Во врска со натпреварот од 28. коло помеѓу ФК Шкупи и ФК Силекс истакнуваме дека при израмнувачкиот погодок за гостинската екипа во 62. минута постои прекршување на Правилата,…
Голот не требало да биде признаен поради офсајд…
ВОСКА СПОРТ – ВАРДАР 1-1 (прекинат)
Беше прекинат во 76. минута поради напуштање на теренот од страна на домашната екипа, посочуваме дека реакцијата беше заснована врз субјективно доживеан момент.
Видео материјалите од посочениот момент при постигнување на израмнувачкиот погодок за гостинската екипа не потврдуваат никакво прекршување на Правилата на фудбалската игра, ниту нивна погрешна интерпретација и оттука одлуката на судијата не може да биде оценета како погрешна проценка.
СТРУГА Т.Л. – ГОСТИВАР 1-1
Станува збор за момент во 85. минута при резултат 0:1 за Гостивар. Во споменатиот момент не е направена никаква материјална повреда на натпреварот од страна на судиската четворка.Контролорскиот извештај на контролорот Илиевски Зоранчо од Битола е со највисока оценка 8.5…
Судиските одлуки како и секаде во светот се подложни на човечки фактор и можни ненамерни грешки.