Почетокот на четвртфиналните серии во Евролигата донесе возбудливи натпревари и две домашни победи, за Фенербахче и Панатинаикос. Истанбул и Атина покажаа дека домашниот терен може да биде одлучувачки фактор во борбата за пласман на „Фајнал форот“.
Фенербахче ја отвори својата серија со победа против амбициозниот тим на Париз. И покрај тоа што гостите од Франција силно го почнаа натпреварот – предводени од македонскиот репрезентативец Тиџеј Шортс кој имаше одлична прва четвртина и со неговиот тим поведе со 18-22. Домашниот тим успеа да се врати во игра во вториот период што го доби со 31-22, па на одмор замина со седум предност (49-42) . Во вториот дел францускиот тим повторно успеа да поведе , но не повеќче од два разлика. Отпорот на патижаните, Фенербахче го скрши во самиот финиш па го доби натпреварот со 83-78, што им носи предност од 1-0 во победи во серијата подобар до три..
Во Атина, Панатинаикос и Анадолу Ефес одиграа изедначен меч, во кој конечната одлука падна дури во последната четвртина. Гостите од Истанбул успеаја да се држат во игра три четвртини, но во последните десет минути грчкиот шампион го крена темпото, ја доби таа четвртина со 23-11 и на крајот славеше со 87-83. Победата носи голема психолошка предност за Панатинаикос пред вториот натпревар на ист терен.
Првата четвртфинална рунда продолжува утре со уште две интересни средби. Монако ќе ја пречека Барселона, додека Олимпијакос на свој терен во Пиреја ќе се соочи со Реал Мадрид. Обете средби ветуваат голема, неизвесност и квалитетна кошарка.





































