Се одиграа четири натпревари од 1.коло на НБА плеј-офот, во кои само на еден натпревар се радуваа гостите.

Голден Стејт славеа во Хјустон кај Рокетс со 95:85. Клучна беше втората четвртина во која Вориорс бја добија со 29:13.

Стивен Кари постигна 31 поен со шест скока, заедно со Џими Батлер кој додаде 25 поени, седум скока и шест асистенции беа лидери во победничката екипа. Кај поразената се истакна Турчинот, Алперен Шенгун со 26 поени и девет скока.

Најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Оклахома Сити забележа рекордната победа на НБА плеј-офот.

Тандерси го совлада Мемфис со огромни 131:80,разликата од 51 е петтата најголема разлика со која некој тим победил во плеј-офот.

Првите имиња за победниците беа Арон Вигинс со 21 и Џејлен Вилијамс со 20 поени.

Во Источната конфедерација до првите триумфи стигнаа Бостон и Кливленд.

Актуелниот шампион Бостон Селтикс славеше со 103-86 против Орландо. Селтикси имаа шутерска вечер и погодија 16 тројки од кои Дерик Вајт реализира седум за вкупно 30 поени. Четири тројки погоди и Причард за 19 поени, а двоцифрени беа и Тејтум со 17 и Браун со 16 поени.

Бадијала Паоло Банкеро беше најефикасен на натпреварот со 36 поени, кога неговиот тим загуби.

Водство од 1:0 во победи има и тимот на Кливленд кој го совлада Мајами убедливо со 121:100.

Лидер во победата на Кавс беше Донован Мичел кој  постигна 30 поени надополнети со пет скока. Тај Џером додаде 28 поени, а Дариус Гарланд 27. Најдобри играчи на Хит беа Бам Адебајо со 24 поени и девет скока и Тајлер Херо со 21 поен.