Супер интересно стартуваше разигрувањето за шампионската титула во кошаркарската НБА лига.
Екипите на Денвер и ЛА Клиперс одиграа одлиен натпревар во кој победникот беше решен по дополнителни пет минути игра. На триумф се радуваше Денвер со 112-110 за водство од 1:0 во победи во серијата подобар до четири.
На Никола Јокиќ му фалеше еден скок да оствари троен ефект. Србинот натпреварот го заврши со 29 поени, 12 асистенции и девет скока. Помош имаше од Арон Гордон со 25 и Џамал Мареј 21 поен,.
Прво име кај Клиперси беше Џејмс Харден 32 поени и 11 асистенции, а нов дабл-дабл оствари и Хрватот, Ивица Зубац на 21 поен додаде 13 скока.
Во првиот натпревар од овогодинешниот плеј-оф, Индијана Пејсерс на домашен терен убедливо го совлада Милвоки Бакс со 117:98.
Паскал Сијакам ги предводеше Пејсерси со 25 поени, Мајлс Тарнер додаде 19, додека Џанис Антетокунпо беше единствениот расположен играч на Бакс со 36 поени и 12 скока.
Вториот натпревар е повторно закажан за три дена во Индијанаполис. Минатата година во првото коло од плејофот се сретнаа Индијана и Милвоки, а поуспешна беше Индијана со 4-2.



































