Во машката ракометна Супер лига, денеска и утре ќе се играат натпреварите од четвртото коло во пеј-офт и пеј-аутот.
Во битката за титулата, денеска еден натпревари, во кој ракометарите Охрид го пречекуваат Алкалоид. Екипите во изминатите три кола претрпеа по два порази од водечкиот тандем Е.Пелистер и Вардар, па затоа се веднаш зад нив на табелата.
За тимот од Автокоманда ова ќе биде и „генерална проба“ пред неделниот натпревар во полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп. Охрид пак ќе ја „брка“ само втората победа во досегашните десет меѓусебни натпревари.
Дуелот во салата „Биљанини Извори“ ќе почне од 18 часот. Во истиот термин утре ќе се играат и другите два натпревари, во кои Вардар е домаќин на Тиквеш, а Бутел го пречекува Еурофарм Пелистер.
Актуелниот шампион Еурофарм Пелистер е лидер на табелата со 9 бодови, еден повеќе од Вардар. Следуваат Алкалоид со 4, Охрид и Тиквеш со 3 и Бутел без освоен бод (0).
Сите натпревари може да ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.





































