Во рамките од 13.коло од ракометната плејо-фот конкуренција кај дамите, екипата на Куманово беше домаќин на тимот на Металург Автокоманда.
Металург лесно стигна до победа над Куманово со 27:20.
Натпреварот започна поуспешно за гостинките, кои веќе во 8. минута стигнаа до водство од 3:1. Металург ја контролираше играта и успешно ја одржуваше предноста во текот на првото полувреме. Во 18. минута ја зголемија разликата на +4 (7:3), наметнувајќи сериозен притисок врз домашниот тим. Кумановки се обидуваа да се вратат во игра, но цврстата одбрана и добрата организација на Металург не им дозволија да се доближат. Полувремето заврши со водство на гостинската екипа од 12:8.
Во второто полувреме, Металург продолжи со истото темпо и не дозволи никаква неизвесност. Во 40. минута веќе имаа убедливо водство од +8 (20:12), наметнувајќи целосна контрола врз натпреварот. Гостинскиот тим не застана тука, продолжија да ја зголемуваат предноста и во 51. минута стигнаа до двоцифрено водство од 24:14. До крајот, Металург ја задржа доминацијата и убедливо славеше. Крајниот резултат гласеше 27:20 во корист на Металург Автокоманда.
Најефикасни од тимот на Металург беа Јанкулоска со седум и Гугуњанова со шест погодоци, додека од Куманово Зечевиќ даде десет.
Утре ќе се играат останатото два натпревари. Во Штип, Астибо е домаќин на Чаир, а Вардар го пречекува шампи0онот Ѓорче Петров.
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 25 бодови, Металург Автокоманда 21, Чаир 17, Вардар 7, Куманово 7, Астибо 0.
Ивона Кимовска