Во кошаркарската Евролига за прв пат се играа плеј-ин натпревари, преку кои ќе се пополнат последните две места за четвртфиналето.

А, во него е тимот на македонскиот репрезентативец, Ти Џеј Шорц, екипата на Парис. Француската екипа на гостувањето во Мадрид го победи Реал со 81-73. На Џорц му недостасуваше една асистенција за дабл-дабл, а на 23 поени, додаде 9 асистенции.

Париз во четвртфиналето оди на мегдан на турскиот Фенербахче.

Реал пак ќе има уште една шанса и тоа во дуелот со германскиот Баерн. Ова откако во вториот плеј-ин меч во Минхен, Баерн по продолжение ја победи Црвена Звезда со 97-93 (84-84).

Победникот од дуелот Реал – Баерн во четвртфиналето оди на мегдан на најдобриот тим во лигата Олимпијакос.

За белградската екипа заврши сезоната во Евролигата.