Пред нас е уште еден викенд исполнет со спортски настани, а ние пред сѐ се фокусираме на возбудувањата на фудбалските терени низ Европа.
Денешниот ритуал стандардно започнува со разлистување на билтенот на Златна Копачка за да најдеме шест пара со кои ќе напаѓаме солидна добивка. Ги одбравме следните:
МОНАКО – МАРСЕЈ: 1+ прво и 1+ второ
На „Луј Втори“ ќе се бие битка за второто место во Лига 1, каде на последните пет меѓусебни средби на овие две екипи во просек имало по три погодоци. На таков исход целиме и сега, во двете полувремиња да има барем по еден гол.
ЛЕВЕРКУЗЕН – УНИОН БЕРЛИН: 1-1
Актуелниот германски првак ќе се обиде да направи последен притисок врз лидерот Баерн и да се замеша во трката за титулата. Знаејќи дека Фармацевтите славеа во четири од последните пет меѓусебни дуели против Унион, сигурен триумф е типот што најмногу ни одговараше.
ИНТЕР – КАЉАРИ: 2+ гола во второ
Нероаѕурите наидоа на лесен противник пред реваншот со Баерн во Лигата на шампионите, па има шанси момците на Инзаги да не ги трошат максимално резервите во оваа пресметка против Каљари. Сепак, ние очекуваме да паднат барем два погодоци во второто полувреме, во која било мрежа.
ВУЛВС – ТОТЕНХЕМ: гол-гол
И двете екипи примија голем број на погодоци сезонава, па немавме друг избор освен да очекуваме дека и во оваа средба ќе има голови на двете страни, како што беше на последните три меѓусебни првенствени дуели.
БИЛБАО – РАЈО В.: 1
Баскијците максимално се фокусирани на мисијата да обезбедат пласман во Лигата на шампионите, а секоја победа до крајот на сезоната ги носи поблиску до запечатување на четвртото место во Ла Лига. Билбао сезонава е речиси перфектен на домашен терен, па затоа ние се одлучивме да играме на победа против екстимот на Столе Димитриевски.
АТАЛАНТА – БОЛОЊА: гол-гол
Директната битка за позицијата број 3 во Серија А треба да биде исполнета со голови, особено што Аталанта нареди три порази, а Болоња е во одлична форма со 6 победи и едно реми во последните седум натпревари.
Како и секогаш, нашиот влог е 200 денари, а доколку сакате да ја искористите нашата визија, имате време до сабота до 15:30 часот да ја искористите шифрата за брза уплата.
ШИФРА: W04111413341




























