Во дербито на колото, Чаир беше домаќин на тимот на Куманово. Домашната екипа се покажа како далеку поефикасна и посилна, па сосема заслужено го совлада Куманово со убедливи 36:31.
Натпреварот започна израмнето, а Куманово прв успеа да се одвои со 11:9 во 16-тата минута. Гостите ја одржуваа предноста успешно во наредниот период се до 24-тата минута, кога Чаир успеа да израмни на 15:15. И понатаму се играше израмнето, па двете екипи заминаа на одмор со резултат 18:18.
Во 38. минута од второто полувреме, Чаир со серија од 7-0 успеа да поведе со 25:21. Иако гостите се обидуваа да ја намалат предноста, таа само продолжи да расте. Со одлична серија од 8-1, домашната екипа стигна до убедливо водство од +10 (33:23). До крајот на натпреварот, домашниот тим ја задржа контролата и го постави конечниот резултат 36:31.
Најефикасни од екипата на Чаир беа Дукоска со 10 и Гулицоска со 9 гола, додека од Куманово Зечевиќ постигна 8 погодоци.
Потсетување дека и водечкиот тандем на табелата, Ѓорче Петров и Металург Автокоманда вчера славеа победи над Астибо и Вардар.
СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 12.КОЛО
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТИБО 43-17
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ВАРДАР 30-19
ЧАИР– КУМАНОВО
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 25 бодови, Металург Автокоманда 19, Чаир 17, Вардар 7, Куманово 7, Астибо 0.
Ивона Кимовска