Победи на фаворитите на денешните дуели од 2.коло од плеј офот во Супер лигата. Првакот Еурофарм Пелистер славеше на гостувањето кај Охрид со 26:23, додека Алкалоид во Автокоманда го совлада Тиквеш со 34:27. Со денешната победа битолчани се вратија на чело на табелата, додека Алкалоид е трет.

Во дербито во Охрид домашната екипа водеше со 5:2 што претставуваше изненадување за првакот, откако во неколку наврати резултатот беше нерешен Е.Пелистер на полувреме имаше гол предност 12:11. Во вториот дел екипите се менуваа во водство, а домашниот тим последната предност ја имаше 21:20. Следуваше серија од 3-0 за битолчани и предност од два разлика, која за зачуаа до крајот на дуелот за конечни 26:23. Хендикеп за екипата на Охрид беше отсуството на повредените Мацуока и Оријоникидзе. Капитенот на Е.Пелистер Филип Кузмановски беше најефикасен на дуелот со 12 голови.

На дуелот во Автокоманда неизвесно беше само до 10.минута кога резултатот беше 6:6, за потоа по серијата од 6-1 за Алкалоид домашниот тим да ја навести победата. Во вториот дел избраниците на Кирил Лазаров ја одржуваа предоста, која во два наврати беше и осум разлика. Најефикасен беше Мартин Серафимов со 7 голови.

ДВОЈКИ 2.КОЛО ПЛЕЈ ОФ
АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ   34:27
ГРК ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 23:26
БУТЕЛ – ВАРДАР   26:35

ТАБЕЛА: Е.Пелистер 7 бодови, Вардар 6 бодови, Алкалоид 4, Охрид 3, Тиквеш 1, Бутел 0.

ДВОЈКИ 2.КОЛО ПЛЕЈ АУТ
Ф.Л.БОРЕЦ – РАДОВИШ   31:24
ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ  23:20
СТРУГА – МРК КУМАНОВО  26:24

ТАБЕЛА: Прилеп 6 бодови, Пролет 5, МРК Куманово 4, Струга 3, Ф.Л.Борец 3, Радовиш 0.