Дербито на Манчестер помеѓу Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити заврши со реми и без постигнат гол (0-0).

Натпреварот одеше со очекуван тек, а шампионот Сити доминираше во поседот со топка, но како и досега сезонава одигра очаен натпревар.

Манчестер Јунајтед пак одигра коректно и во некои моменти делуваше дури и позрело од сеуште актуелниот англиски шампион. Сепак на крајот мрежите останаа незатресени, а соседите си ги поделија бодовите.

Манчестер Сити е сеуште петто пласиран со 52 освоени бода. Манчестер Јунајтед на исто толку одиграни натпревари има 38 освоени бода.