Во кошаркарската машка Прва лига денеска ќе се одиграат последните два натпревари, од последно коло во регуларниот дел на сезоната.

Дуелот меѓу Шкупи и Феникс ќе го даде одговорот на единствената дилема, кој ќе биде последниот тим што ќе игра во плеј-офот.

За гостинските кошаркари императив на овој меч е победата. Само така Феникс може да биде меѓу осумте најдобри. Исходот од овој меч ќе го чекаат и во Кавадарци. Имено по вчерашната победа над МЗТ Скопје на гостински терен, тимот на Тиквеш сеуште се надева на пласман во плејо-фот.

Конечниот пласман на табелата по регуларниот дел од сезоната, ќе зависи и од натпреварот меѓу Работнички и Кожув. Двата тима со победа можат меѓу четирите најдобри, што пак ќе им донесе и предност на домашен терен, барем во првата (четврт-финална) рунда од плеј-офот. Во неа МЗТ Скопје, без разлика на денешниот пораз ќе стартува од првата позиција.

Двата натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – последно 22 коло
Недела / 6 април

19.00 РАБОТНИЧКИ – КОЖУВ
19.30 ШКУПИ – ФЕНИКС
Сабота / 5 април
МЗТ СКОПЈЕ А. – ТИКВЕШ 75-80
ТФТ – ПЕЛИСТЕР 79-67
ЧАИР – ГОСТИВАР 99-96
Петок / 4 април
ВАРДАР – КУМАНОВО 57-74

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 37 бодови, ТФТ 37, МКК Куманово 36, Работнички 35, Пелистер 35, Кожув 34, Чаир 31, Тиквеш 32, (плеј-оф), Феникс 31, Гостивар 29, Шкупи 28, Вардар 22 (плеј-аут).