Македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас е најзаслужен за бодот на Торино во дуелот со Верона.
Натпреварот од 31,коло на Серија А одигран во Торино заврши без победник 1-1.
Откако домаќините не реализираа пенал, а гостите поведоа преку Сар во 64.минута, Елмас беше „спасителот“ на Торино.
Македонскиот репрезентативец во 67-минута, беше стрелец на израмнувачкиот погодок, за конечни 1-1. За Елмас тоа беше четвртиот гол во дресот на Торино во кој дојде во зимскиот трансфер период.





































