Во 12.коло од плеј-оф конкуренцијата, во женската Супер лига, попладнево се одиграа два натпревари, во кои убедливии победи забележаа Металург Автокоманда и Ѓорче Петров.

Тимот на Металург Автокоманда одигра одличен натпревар на домашен терен и со сигурна и доминантна игра го совлада Вардар со убедливи 30:19.

Натпреварот започна израмнето, сè до 10-тата минута кога Металург успеа првпат да поведе со 4:3. Домашната екипа потоа направи серија од 2-0 и стекна минимална предност од 7:5, која постепено ја зголемуваше. Во 20-тата минута веќе имаше предност од пет гола (11:6). Гостинската екипа се обидуваше да ја намали разликата, но Металург успешно ја одржуваше предноста. На полувреме се замина со резултат 13:10 во корист на домаќинот.

Во второто полувреме, во 33-тата минута, Вардарки успеаја да се доближат на само два гола разлика (14:12), но не и да израмнат. Металург не дозволи пресврт, туку напротив, продолжи да ја зголемува својата предност. Со серија од 5-0 стигна до убедливи 23:16. До крајот натпреварот целосно беше во нивни раце, а конечниот резултат гласеше 30:19.

Шампион и убедлив лидер на табелата, тимот на Ѓорче Петров го совлада последно пласираниот состав на штипски Астибо со 43-17.

Утре ќе се игра дербито меѓу Чаир и Куманово.

СУПЕР ЛИГА (ЖЕНИ) – ПЛЕЈОФ 12.КОЛО
Сабота / 5 април
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – АСТИБО 43-17
МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА – ВАРДАР 30-19
Недела / 6 април
18:00 ЧАИР– КУМАНОВО

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 25 бодови, Металург Автокоманда 19, Чаир 15, Вардар 7, Куманово 7, Астибо 0.

Ивона Кимовска