Во машката ракометна Супер лига, на програмата се натпреварите од 2.коло во плеј-офот и плеј-аутот. По три натпревари (во двете конкуренции) ќе бидат одиграни денеска и утре.
Во борбата за титулата, ракометарите на Вардар попладнево му гостуваат на Бутел. Вардарци важат за голем фаворит во овој меч, и се освен победа на црвено-црните би било големо изненадување. Останатите два натпревари од плеј-офот ќе се играат утре во Автокоманда и Охрид.
Во плеј-аутот, денеска дуели во Струга и Прилеп, каде кај истоимените екипи, гостуваат Куманово и Пролет. Утре пак, во Велес Ф.Л. Борец ќе го пречека Радовиш во борбата на двете последно пласирани екипи.
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ 2.КОЛО
САБОТА 18.00 БУТЕЛ – ВАРДАР
НЕДЕЛА 17,00 АЛКАЛОИД – ТИКВЕШ
НЕДЕЛА 18.00 ОХРИД – ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ТАБЕЛА (плеј-оф): Е.Пелистер 5 бода, Вардар 4, Охрид 3, Алкалоид 2, Тиквеш 1, Бутел 0.
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-АУТ 2.КОЛО
САБОТА 14:00 СТРУГА – КУМАНОВО
САБОТА 18:30 ПРИЛЕП – ПРОЛЕТ
НЕДЕЛА 18:00 ФРУИТ ЛЕНД БОРЕЦ – РАДОВИШ
ТАБЕЛА (плеј-аут): Пролет 5 бода, Прилеп 4, 4 2, Струга 1, Ф.Л. Борец 1, Радовиш 0.
Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)





































