Фудбалерите на Барселона пропуштија голема можност да му „избегаат“ на Реал на шест бода разлика.

По поразот на Реал на домашен терен од Валенсија (1-2) и Барселона направи „кикс“. Каталонската екипа одигра само 1-1 во дуелот со Бетис кој потврди зошто котира високо на табелата (5 место).

Иако се започна одлично за Барселона, која уште во седмата минута со голот на Гави поведе со 1-0, сепак не заврши како што посакуваа домаќините.

Многу брзо, по само десет минути игра (17-та) Бетрис го израмни резултатот. Дтрелец на голот за тимот од Севиља беше Бразилецот, Натан.

Со едниот освоен бод, Барселона која е лидер на табелата сега има четири повеќе од Реал, а 10 повеќе од Атлетико. Тимот на Бетис има 48 бодови, пет помалку од Атлетик, во битката за местото кое води во Лигата на шампионите.