Со денешните два натпревара свртуваат натпреварите од плеј-офот во ракометната Супер лига, а воедно на програмата се и трите од плеј-аутoт. Во двете лиги се играат дуелите од првото коло.

Ждрепката сакаше на стартот да се состанат Вардар и Алкалоид во дерби на колото, екипите кои заедно со првакот Еурофарм Пелистер имаа идентичен број победи и порази, а Вардар и Алкалоид продолжуваат со два бода. Во првата фаза од шампионатот Вардар забележа победа на домашен терен со 29:27, додека во Автокоманда беше 33:30 за Алкалоид. Предноста на „црвено-црните„ е тоа што играат за домашен терен, но фактот што имаат повеќе време за подготовка и одмор во однос на ривалот.

За стручниот штаб на Алкалоид и тренерот Кирил Лазаров секако густиот календар е најголемиот проблем, па едноставно екипата нема доволно време за одмор и подготовка. Но, ритамот на натпревари секако го јакне тимскиот дух, што може да биде исклучително важно во дерби дуели. Воедно Алкалоид е единствениот македонски претставник кој се натпреварува во евро куповите.

Почетокот на натпреварот Вардар – Алкалоид е во 19 часот и ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Покрај овој дуел денеска од 18 часот се игра и натпреварот меѓу Бутел и Охрид, додека утре на програмата е дуелот меѓу Тиквеш и Еурофарм Пелистер.

Во првото коло од плеј-аут лигата двојките се: Пролет 62 – Струга, МРК Куманово – Радовиш и Прилеп – Фруит Ленд Борец.

ДВОЈКИ 1.КОЛО – ПЛЕЈ ОФ:

18:00   БУТЕЛ – ОХРИД
19:00   ВАРДАР – АЛКАЛОИД
19:00   ТИКВЕШ – Е.ПЕЛИСТЕР (четврток)

ТАБЕЛА: Е.Пелистер 3 бодови, Вардар 2, Алкалоид 2, Охрид 1, Тиквеш 1, Бутел 0.

ДВОЈКИ 1.КОЛО – ПЕЛЈ АУТ:

18:00   ПРОЛЕТ – СТРУГА
19:00   МРК КУМАНОВО – РАДОВИШ
19:30   ПРИЛЕП – Ф.Л.БОРЕЦ

ТАБЕЛА: Пролет 3, Прилеп 2, МРК Куманово 2, Струга 1, Ф.Л.Борец 1, Радовиш 0.