Вторнички го листаме новото издание на билтенот на Златна Копачка во потрага по шест парови со кои ќе се обидеме да стигнеме до солидна добивка.
Од големиот избор успеавме да издвоиме парови кои играат денес и утре во вечерните часови, кои ги типуваме според нашата идеја како треба да бидат исходите, а за истите имаме и кратка анализа во продолжение.
АРСЕНАЛ – ФУЛАМ 1 и 2+ гола
Поминаа повеќе од две години од последната победа на Арсенал во малото градско дерби против Фулам, па иако Артета ги нема на располагање сите првотимци, ние очекуваме Топчиите да го добијат дуелот, а на „Емирејтс“ стадионот да паднат најмалку два гола.
НОТИНГЕМ – МАН. ЈУНАЈТЕД 1-3 гола во прво и 1+ гол во второ
Бајката продолжува за Шумарите, по обезбеденото полуфинале во ФА купот, тимот на Еспирито Санто ќе се обиде да оствари двојна победа на Црвените ѓаволи сезонава. Ние сепак, нема да типуваме победник, но и тоа како очекуваме да се полнат мрежите на двете страни, односно да има меѓу еден и три гола во првите 45 минути и барем еден погодок во вториот дел од средбата.
РЕАЛ МАДРИД – СОСИЕДАД 1 и 0-3 гола
Кралевите имаат минимална предност од првото полуфинале во шпанскиот Куп, па тимот на Анчелоти вечерва треба да ја заврши работата и да обезбеди уште еден меч во кој ќе се бори за трофеј. Во последните шест меѓусебни средби немало повеќе од три гола, па токму тоа го очекуваме заедно со победа на Реал.
ЛИВЕРПУЛ – ЕВЕРТОН 1 и 1+ гола во прво
Ливерпул веќе се гледа како новиот англиски шампион, а за да дојде поблиску до титулата треба да ги освои бодовите и во градското дерби против Евертон. Пред месец и пол тимот на Слот испушти дерби-победа во последните секунди, овојпат на „Енфилд“ не би требало да ја повторат истата грешка.
ЊУКАСЛ – БРЕНТФОРД 1
Њукасл го игра првиот натпревар по освоениот трофеј во Карабао Купот и се очекува тој победнички менталитет да се пренесе и во средбата против Стршените. Тимот на Хау славеше во четири од последните пет средби против Брентфорд, статистика која ни дава надеж дека ќе серијата ќе се продолжи и во овој меч.
АТЛЕТИКО М. – БАРСЕЛОНА гол-гол и 3+
Голеадата од 4-4 во првото полуфинале ја пренесе неизвесноста и во реваншот, односно може да се претпостави дека и во овие 90 минути ќе се гледа атрактивна битка за пласман во големото финале. Ние од двата тима очекуваме повторно да бидат голгетерски расположени.
Првиот дуел почнува вечерва во 20:45 часот, што значи дека дотогаш имате време да ја искористите шифрата за брза уплата доколку сакате да го одиграте нашиот предлог-тикет. Ние вложивме 200 денари, на вас останува со колкав износ ќе одиграте.