Попладнево се одиграа пет натпревари од 25.коло во Првата фудбалска лига.

Екипата на Силекс „киксна“ пред своите симпатизери во дуелот со Тиквеш и осои само еден бод. Натпреварот заврши без победник 1-1, а головите беа постигнати во првото полувреме. Гостите поведоа (31.минута) со голот на Мишов, а израмни Долев во 35-тата минута.

„Киксот“ на кратовци го искористија конкурентите во трката за титулата. Лидерот Шкендија благодарение на двата гола на Ибраими ја совлада АП Брера. Натпреварот во Тетово го одбележа скандалозното и примитивно однесување на така-наречените „навивачи“ на домаќините.

Работнички пак со голот на Србинот, Русевиќ славеше против Беса со 1-0.

Покрај Силекс и Гостивар направи кикс и остана без бодови во дуелот со Воска Спорт. Охридскиот тим славеше со 0-2.

Единствено немаше голови на дуелот меѓу Струга Т.Л. и Шкупи. Потсетувањре дека во саботата, Вардар во Битола го доби дербито против Пелистер.

Тетовци кои се на врвот на табелата сега имаат четири бодови повеќе од Силекс и пет од Работнички. Гостивар останува четврти, но и на 44-те бодови.

Во долниот дел од табелата, Вардар сега малку се одлепи од останатите конкуренти за опстанокот. Скопјани имаат три бода повеќе од Тиквеш и Воска спорт, а четири од АП Брера и Беса.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА