Прволигашката фудбалска конкуренција денеска носи пет натпревари од 25-тото коло.

Ова бунда беше отворена со вечното дерби меѓу Пелистер и Вардар, кое го добија скопјани. Денеска пак, на ред се екипите кои се борат за титулата и оние за опстанок. Такви ќе бидат три натпревари, во Тетово, Кратово и Скопје.

Лидерот на табелата Шкендија ја пречекува струмичка АП Брера. Во Кратово кај Силекс гостува Тиквеш, а Работнички е домаќин на Беса. Тимот на Гостивар против Воска со три бода ќе сака да го одржи приклучокот со водечкото трио. Иако се сигурни на средината на табелата, без шанси да погоре или подолу, интересно треба да биде и на дуелот меѓу Струга ТЛ и Шкупи.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА