По соопштението на ФК Пелистер во однос на арбитражата на неколку натпревари, со контра реакција се огласија од ФФМ.
Во соопштението од „куќата на фудбалот“ посолуваат дека, пелистерци ќутеле кога одредени судиски одлуки биле во нивна полза.
Во обемното соопштение (реакција) кое содржи и видео материјали (видете го овде), од ФФМ реагираат на „лицемерието“ на ФК Пелистер.
„Иронично е што управата на ФК Пелистер гласно реагира на одлуките на судиите, додека на претходните натпревари, кога тие беа во нивна корист, не издаде соопштение, ниту пак изрази загриженост за критериумот на судењето.
Ова само ја потврдува дволичноста во нивниот пристап, особено ако се земе предвид дека истите остана целосно без реакција и без осуда за расистичкото однесување на нивните навивачи, кои со мајмунски извици навредуваа противнички фудбалер.
Ова молчење не само што остава простор за толкување дека го одобруваат таквото срамно однесување, туку и покажува целосно отсуство на морална и спортска одговорност.
Професионално напоменуваме до управата на ФК Пелистер, за објективна фудбалска анализа и објективно и неселективно посочување на одредени ситуации, од причина што не само во овој пролетен дел од првенството, туку и во есенскиот дел оваа сезона имало погрешни судиски проценки кои резултирале во интерес на ФК Пелистер.
Или, можеби причината за нивниот различен пристап треба да се бара во тоа што во блиското минато уживаа привилигирана позиција и блиски односи со претходното раководство, а особено со судиската организација“.
Дека продолжение на оваа „сапуница“ ќе има уште, тоа е повеќе од јасно. Особено сега ќе се чека извештајот на Судиската организација, која треба да ја оцени арбитражата по одигрувањето на сите натпревари. Нема да изненади и реакција на некој клуб што е посочен во соопштението како на ФФМ, така и Пелистер.
Вчерашниот натпревар во Битола, беше само увертира за останатите од 25.коло, што ќе се играат утре од 15 часот.
Сите натпревари може да едно место да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































