Второлигашките кошаркарски екипи викендов ќе ги играат натпреварите од 19-тото коло.
Имајќи го во предвид пласманот на екипите на табелата, приматот дерби на колото, е натпреварот во Штип. Таму треторангираниот, домашен, тим Соколи ја пречекува екипата на Црн Дрим која е на четвртата позиција.
Оваа рунда ќе биде отворена со дуелот во Струмица каде гостува вториот тим на МЗТ Скопје У.Б. Во Охрид пак истоимениот домашен тим е пред императив на победа против Бутел, во трка за позициите што водат во плеј-офот. Ист таков предизвик имаат и Мега баскет и Водно Санс во дуелите со Борец Баскет односно Ангели.
Водечкиот тим на табелата Маџари вечерва ќе биде домаќин на последно пласираниот Работнички 2018.
ВТОРА ЛИГА (МАЖИ) – 19.КОЛО
Сабота / 29 март
13.00 СТРУМИЦА ФМП – МЗТ СКОПЈЕ У.Б.
16.30 ОХРИД – БУТЕЛ
18.00 СОКОЛИ – ЦРН ДРИМ
18.30 БОРЕЦ БАСКЕТ – МЕГА БАСКЕТ
20.00 МАЏАРИ – РАБОТНИЧКИ
Недела / 30 март
11.30 ВОДНО САНС – АНГЕЛИ
ТАБЕЛА: Маџари 33 бодови, Ангели 32, Соколи 32, Црн Дрим 29, Бутел 27, МЗТ Скопје У.Б. 28, Борец баскет 27, Охрид 25, Мега баскет 25, Водно Санс 24, Струмица ФМП 22, Работнички 2018 20.




































