Екипата на Вардар го доби вечното дерби против Пелистер во воведниот натпревар од 25.коло на Првата лига. Вардарци на гостувањето во Битола славеа со 3-1.

Домашниот тим рано уште во 10-тата минута го отвори резултатот. По брзата контра од десната страна и уфрлувањето на Бошковски, Керим ја искористи шпанската и му донесе предност на Пелистер од 1-0.

Во 14-тата минута го бележиме обидот на Закариќ од слободен удар кој заврши малку крај голот на домаќините.

Само две минути подоцна, беше досуден пенал за скопјани. Стартот на Џуриќ врз Талевски, судијата Фуркан Идризи го окаректизира како прекршок и покажа на белата точка. Ваквата одлука наиде на жестока реакција на домаќините, зашѓто тетовецот покажа дури четири жолти картони. Пеналот го изведе Закариќ кој имаше и доза на среќа, бидејќи малку фалеше Јовчески да го одбрани неговиот удар. Сепак топката заврши во мрежата на битолчани за 1-1.

Во продолжението, пелистерци беа далеку поофанзивни и најчесто се играше на вардаровата половина. Вардарци се обидуваа преку контри да го загрозат голот на домаќините, но резултатот остана не променет (1-1).

Иста слика на теренот и во вториот дел, а резултатот не променет со до 75.минута кога на сцена стапи Роџерс Мато кој постигна два гола. По брзата контра Мато и избега на домашната одбрана и го совлада Димовски, за водство на Вардар 1-2. Интернационалецот оф Уганда речиси на идентичен начин го постигна и својот втор гол за 3-1 за Вардар. Тоа се покажа и како конечен резултат на натпреварот.

Останатите натпревари од ова коло ќе се играат во понеделник од 15 часот, а сите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА