По репрезентативната пауза и настапот на Македонија во мундијалските квалификации, продолжуваат натпреварите во Првата лига.
Со натпреварот што ќе се игра денеска во Битола, ќе биде отворено 25-тото коло. Дуелот на вечните ривали Пелистер и Вардар секогаш привлекувал внимание, без разлика каква „битка“ водат тие.
Во случајов, тоа е дуел на седмо и осмо пласираните екипи на табелата. Битолчани се релативно далеку од опасната зона. Тие имаат седум бодови повеќе од Вардар, а осум од Тиквеш, АП Брера и Беса. Последно пласираната екипа на Воска спорт е далеку зад пелистерци.
Последните две пресметки меѓу Пелистер и Вардар беа решени во завршните минути со по еден гол, по што домаќините се радуваа. Ќе има ли такви возбудувања и денеска. Ќе бидеме во натпреварот што ќе почне од 15 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.
Oстанатите натпревари од ова коло ќе се играат во понеделник (31 март) од 15 часот.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА




































