Откако ракометарките пред два дена ги одиграат натпреварите од деветтата рунда во Супер лигата, денеска стартува десеттата.
Ракометарките на Чаир и Вардар денеска го отвораат 10.коло во Супер лигата. Домашните ракометарки во овој дуел влегуваат по убедливиот пораз од Металург Автокоманда во дербито пред два дена. Вардарки пак тогаш лесно и убедливо славеа над Астибо. Сепак чаирчанки важат за фаворитки во овој дуел, но тоа ќе треба да го потврдат на теренот.
Натпреварот меѓу Чаир и Вардар што ќе се игра во салата „7 Март“ ќе почне во терминот од 20 часот.
Останатите два натпревари, од ова рунда и конкуренција, ќе се играат во недела, а дербито е меѓу Ѓорче Петров и Металург Автокоманда, двата прво рангирани тима.
Сите може да ги гледате овде во живо.
СУПЕР ЛИГА ПЛЕЈ-ОФ 10 КОЛО
28.03.2025 – ПЕТОК
20:00 ЧАИР СКОПЈЕ – ВАРДАР
30.03.2025 – НЕДЕЛА
12:00 АСТИБО – КУМАНОВО
18:00 ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА
ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 19 бодови, Металург Автокоманда 15, Чаир 13, Куманово 5, Вардар 5, Астибо 0.
Ивона Кимовска





































