Следната сезона Вардар ќе биде засилен со полскиот голман Милош Валах кој се согласи на верност на клубот до 2027 година.

Тој доаѓа како играч на Кјелце, и за него Вардар плати обештетување за да го откупи договорот на играчот.

Овој 24 годишен ракометар лани се врати во Кјелце, откако претходно беше позајмен во Вибжеже Гдањск и таму настапуваше две сезони.

На последниот меч од Лигата на шампионите меѓу Кјелце и Фуксе Берлин, новиот голман на Вардар гои потврди своите квалитети. Тој имаше девет одбрани, а неговиот тим оствари предност од два гола.

Вардар веќе ги пополнува местата во тимот за кои смета дека му се неопходни за во иднина. Валах е второто засилување за екипата за следната сезона. Дополнително ќе следат и другите објави за новите играчи, информираат вардарци.