Ракометниот клуб Охридскиот денеска и официјално го претстави новиот тренер.
Станува збор за Србинот, Борис Ројевиќ кој ќе го наследи Стевче Алушовски, и тоа во наредните две сезони односно до јуни 2028 година.
45-годишниот Ројевиќ изминатите шест сезони ја предводеше Војводина со која освои 10 титули. Воедно тој беше и творец на најголемиот успех на овој клуб, со освојувањето на Европскиот Куп.





































