Со одигрувањето на вчерашните два натпревари од 22.коло, комплетиран е првиот дел од сезоната во машката ракометна Супер лига.
Победата на Алкалоид над Охрид им донесе радост на битолчани, Имено, актуелниот шампион Еурофарм Пелистер плеј-оф лигата ќе ја започне од првото место на табелата со бод повеќе од конкурентите Вардар и Алкалоид.
Со по еден бод ќе продолжат Охрид и Тиквеш, а Бутел ќе стартува од нула (0).
Денеска во просториите на Ракометната федерација, ќе биде одржана и ждрепката по која ќе се знае распоредот на натпреварите.
Првото коло од плеј-офот ќе се игра веќе во среда на 2 април, откако викендов на програмата е елиминацискиата рунда во Купот на Македонија.
Во борбата за опстанок, односно плеј-аутот, тимот на пролет е во најповолна ситуација. Скопската екипа ќе почне со 3 бода, а Прилеп и Куманово со по два. Велешки Борец и екипата на Струга ќе пренесат по еден бод, а Радовиш ниту еден.
Веќе утре ќе се одржи ждрепката за новите дванаесет кола во плеј-оф и плеј-аут сегментите. Првото коло е на програмата следната среда на втори април.





































